Во австриски Линц во тек е судски процес против членовите на едно семејство од Босна и Херцеговина заради трговија со дрога.
Бабата одгледувала канабис во БиХ, мајката ја шверцувала дрогата во Австрија, а нејзините синови биле одговорни за продажбата, пренесува Krone.at.
Обвинението ја товари 42-годишната државјанка на БиХ за криумчарење 23 килограми канабис од тајната плантажа на нејзината мајка за време на нејзините редовни патувања во Австрија.
Така пред судијата Алфред Фајсингер се најдоа мајкаѕа и синовите, на возраст од 22 и 19 години.
Обвинетите не биле подготвени целосно да ги признаат своите дела, но биле откриле од пораките на мобилни телефони.Судот исто така ги испитува и купувачите на дрога од БиХ.
Се претпоставува дека семејната „компанија“, исто така, во својата „понуда“ имала и три килограми хероин. Семејството е откриено кога помладиот син се обидел да продаде 31 килограм спид и кокаин, но наишол на австриски полициски инспектор наместо купувач.