Цената на гасот во Европа надмина 2.100 долари за 1.000 кубни метри

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Природниот гас во Европа моментално се продава за повеќе од 2.100 долари за 1.000 кубни метри, што е првпат од 23 декември 2021 година, покажуваат податоците на меѓународната берза ICE.

Априлските фјучерси на центарот ТТF во Холандија во 10:10 часот по наше време се тргуваа за 194,17 евра за мегават-час, што е над 2.100 долари за 1.000 кубни метри.

На отворањето на берзата цената на природниот гас беше 130 евра за мегават-час (околу 1.430 долари за 1.000 кубни метри). Вкупниот пораст е речиси 60 отсто.

Вчера берзата затвори по цена од 121,68 евра за мегават час (околу 1.350 долари за 1.000 кубни метри).

Слични содржини