Цените на ПЦР тестовите во Македонија растат, какви се во другите европски земји

од desk4
384 прегледи

Како расте бројот на заразени во Македонија, подтоците покажуваат дека растат и цените на ПЦР тестовите во медицинските лаборатории.  Ако пред само три дена, ПЦР тестот за проверка на Ковид 19 за едно лице чинеше 1.000 денари, сега  цената варира од 2.000 до 2.500  денари.

Дел од скопските лаборатории нудат поволности. Ако барате ПЦР тест за двајца, цената  паѓа и ќе ве чини некаде од 1.700 до 1.800 денари по лице. Од таму велат дека лабораторија – детекцијата на вирусот ја врши преку современи методи, препорачани од СЗО.

Простата математика говори дека за еден одмор надвор од Македонија, едно четиричлено семејство, дополнително ќе треба да обезбеди ни помалку ни повеќе плус, 10.000 денари. Што пак со други зборови задолжителното тестирање за ковид-19 (тест за ПЦР ) за патниците значи и дополнителен напор и обично поскап одмор.

Министерот Филипче најави задолжителен ПЦР тест за влез и излез од државата, но токму поради одморите рече дсека тие  ќе почнат со својата важност околу десеттина дена.  Уште рече дека децата до 18 години ќе бидат ослободени. Останатите кои ќе влезат или излезат од државата, ќе им се бара сертификат за вакцинација, негативен тест не постар од 72 часа или доказ дека прележале корона вирус, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Овие мерки нема да стапат на сила веднаш од утре, туку ќе оставиме едно одредено време, затоа што многу наши граѓани се на одмор и треба да се вратат од различни земји. Прво тоа ќе важи за странците кои доаѓаат во нашата земја, потоа и за нашите граѓани. Ќе бидеме флексибилни бидејќи имаме граѓани кои уплатиле одмор, и треба да отпатуваат или пак да се вратат. Со новите мерки не сакаме да ги изложиме на дополнителен финансиски трошок, рече Филипче.

Ако е за утеха повеќето туристи кои патуваат во Европа мора да достават потврда дека се вакцинирани, оздравени од ковид-19 или имаат негативен тест за коронавирус, што во зависност од земјата во која патуваат може да биде бесплатно или да чини неколку стотици евра. Податоците покажуваат дека Финска е најскапа, а дека во Данска тестирањето е бесплатно. Европскиот центар за потрошувачи (ECC) излезе со податоци дека ПЦР тестот во земјите од ЕУ ќе ве чини некаде и до 100 евра по лице.

Во дел од поранешните ЈУ републики како што е Хрватска – ПЦР тестот се наплатува 65 евра, а во Словенија тој ќе ве чини нешто помалку од 100 евра.

Има земји во кои ПЦР тестовите се бесплатни, меѓу нив се Данска каде патниците можат бесплатно да се тестираат за коронавирус. И во Исланд – тестирањето е бесплатно но, само при пристигнување, при напуштање на земјата, тестирањето се наплатува околу 96 евра. Во Холандија туристите моментално можат бесплатно да се тестираат за коронавирус, а во Норвешка тестирањето е бесплатно само за оние што пристигнуваат со авиокомпанија во земјата. Во спротивно, тие треба да платат за тестирањето.

Во другите европски земји цената на ПЦР тестовите се различни. На пример во Белгија – туристите плаќаат максимум 55 евра за редовен тест за ПЦР, и до 120 евра ако сакаат брз наод. Овие тестови се поевтини 55 евра ако проверката ја направите на аеродромот во Брисел. Во соседните земји како на пример во Бугарија, туристите плаќаат во просек помеѓу 50 и 60 евра за тестирање, додека во Грција, цените на ПЦР тестовите се движат некаде помеѓу 40 и 70 евра. Во Австрија – доброволните тестови за ПЦР се плаќаат од џеб. На аеродромот во Виена, таквиот тест чини 69 евра. Финска, е земјата со највисока цена на ПЦР тестовите. Редовната чини 265 евра на аеродром, а забрзаниот тест е 300 евра. Во близина на аеродромот, приватните сопственици им нудат тестови на туристите со плаќање, но и во тој случај, тестовите не се ефтини. Во Франција, туристите плаќаат 43,89 евра за ПЦР тест.
Во Ирска, ПЦР тестови ќе ги платите 95 евра (149 евра за побрзи наоди).

Во Италија, цените варираат во зависност од регионот, па така ПЦР тест чини помеѓу 50 и 120 евра. Летонија – на аеродромот во Рига, тестот за ПЦР чини 25 до 37 евра, во Литванија чинат 75 евра, Луксембург и до 119 евра за ПЦР тест. Експрес ПЦР тест се наплатува поскапо 169 евра. Во Полска, на аеродромот во Варшава, тестот за ПЦР чини околу 53 евра. Цените се поевтини надвор од аеродромот. Португалија – цените варираат во зависност од лабораторијата и клиниката. Просечната цена за ПЦР тест е од 100 до 120 евра. Во Романија – ПЦР тестот чини 38 до 50 евра. Шведските клиники нудат тестови за ПЦР преку Интернет по цена од 48 до 166 евра. Словачка – тестовите за ПЦР се движат од 50 до 80 евра, Шпанија, помалку од 100 евра. Чешка ПЦР тестовите ги наплаќа по 23,99 евра. Унгарија – Највисоката цена пропишана со закон за PCR тест е околу 55 евра. Кипар – ПЦР тестовите во лабораториите на Министерството за здравство не смеат да се наплатуваат повеќе од 50 евра.

Препораките на Европскиот центар за потрошувачи (ECC) се дека пред патување, сите патници секогаш треба да ги проверат своите препораки за патување и правилата за влез на веб -страницата на матичната земја во нивната матична земја.

Б.Т.

 

 

Слични содржини