Центар Жупа остана без градоначалник

од Берта Китинска
218 прегледи

Жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи.

Од таму додаваат дека на гласањето правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.

На Локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто.

Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

Слични содржини