ЦУК: Во Дебар се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавниците, аптеките, болниците

од Ивана Рамаданова

Во Дебар и Центар Жупа се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, аптеки, болници. Банките, комуналните служби и пошта да работат по скратено работно време.

Ова е еден од заклучоците на состанокот на Главниот штаб на Центарот за управување со кризи во врска со кризната состојба во општините Дебар и Центар Жупа со цел справување на ширењето на коронавирусот.

На состанокот бил донесен и заклучок со кој се забранува излегување на населението од кризното подрачје, освен во случај на животозагрозувачка состојба со возило на Итна медицинска помош и потврда од овластено лице од Минизтерство за здравство, а лицата од Дебар и Центар Жупа затекнати надвор од кризното подрачје можат да се вратат во своите домови.

Седницата, како што информираат од Центарот за управување со кризи, ја водел директорот на ЦУК Агрон Буџак, а покрај членовите на Главниот штаб присуствувале претставникот од Министерството за труд и социјална политика Дејан Ивковски,  претставникот на МЖ Транспорт Саша Јовановски, директорот на ДСЗ и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Слични содржини