Хрватскиот пејач Тони Цетински сè уште не ги поддржува разните мерки преземени за борбата против коронавирусот.
Додека порано се бавеше со вакцините и чипирањето, сега му пречи организирањето на концерти.
На фотографијата што ја објави е прикажан концерт одржан во Велика Британија, на кој луѓето се распоредени во групи одделени со метални огради. Тони ги спореди со овци во трло.
„Ново нормално? Па, дали сте нормални луѓе, кои го голтате ова? Можеби сум луд“, напиша тој.
https://www.instagram.com/p/CDw07llpXlV/?utm_source=ig_web_copy_link