Цеца искрено за своите деца: Мислам дека успеав како родител!

од Stefanija Kuzmanovska
312 прегледи

Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го придружуваше и го бодреше својот син Вељко Ражнатовиќ кој имаше боксерски натпревар во еден белградски хотел.

Веднаш по натпреварот, во интервју за емисијата „Ексклузив“ што се емитува на ТВ Пинк, таа зборуваше за нејзините наследници.

„Фала му на Бога, децата ми се живи и здрави, успешни во своите професии… Мислам дека успеав како родител, тие станаа добри и квалитетни луѓе, Вељко основа семејство, Анастасија издава две нови песни за роденденот, немам причина да не да биде задоволна“, беше искрена пејачка.

Слични содржини