ЦГК: Загрижувачки бројки кај тендерите на локално ниво на крајот на минатиот мандат

од desk2
248 прегледи

Во периодот април – септември 2017, постапките за јавни набавки спроведени од институциите на локално ниво се одликуваат со загрижувачки параметри, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), изнесувајќи ги резултатите од својот нов извештај.

Според ЦГК, и во периодот на набљудување продолжила тенденцијата да се јавуваат помалку од три понудувачи на локалните тендери, што е минимумот за задоволување на принципот на конкурентност. Просекот е 2,8 понудувачи.

Исто така, во однос на претходно, зголемен е процентот на тендери со една или ниту една понуда, односно такви биле 40% од тендерите во периодот април – септември 2017. Тоа е највисокото ниво на такви тендери во последните три години, велат од ЦГК.

Забележан е уште еден пораст, односно 20 отсто од вкупниот број постапки биле поништени, што е највисоко ниво на понишувања во последните пет години. Исто така, во половина од случаите, тендерите биле поништени оти немало ниедна понуда.

Од Центарот за граѓански комуникации алармираат на фактот дека електронска аукција се одржала само во 58 отсто од случаите./Meta

Слични содржини