Ципрас ги смета за признак на „слабост“ сондажите за гас на Турција на Кипар

од desk4
99 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека турското дупчење во водите каде што Кипар има ексклузивни економски права е „знак на слабост”.

Ципрас предупреди за „сериозни последици” за Турција со Европската унија и за регионалната стабилност ако турската влада продолжи со такви активности.

Турција врши такви активности на западниот брег на Кипар и на источниот брег на тој медитерански остров.

Лидерите во ЕУ ја осудија Турција поради дупчењето за гас и се заканија со санкции.
Грчкиот премиер е во Кипар на погреб на неодамна починатиот левичар и поранешен кипарски претседател Димитрис Христофиас.