„Сакам да ја охрабрам Бугарија да го направи првиот чекор, за да се реализира една посета и да се отпочне процесот за почетокот на преговори на С. Македонија. Бугарија е дел од Балканот. Исто така, сакам да напоменам дека треба да се најде и заедничко решение за Косово, односно да продолжи дијалогот“, изјави поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас од Преспа-форумот, кој се одржува овие два дена во нашата земја.
За Преспанскиот договор, тој изјави дека заедно со премиерот верувале во овие можности со потпишувањето.
„Јас и Зоран се наоѓавме на власт на нашите земји на возраст од 40 години. Не не интересираше само сегашноста, туку и иднината, каде ќе живеат нашите деца. Борбата за мир треба да продолжи и за соработка, која се отвори со овој Договор, чие имплементирање мора да продолжи. Овој договор е пример за многу места во светот“, рече Ципрас.