Ципрас за „360 Степени“: Договорот од Преспа дава перспектива на двата народа

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360 Степени“ зборуваше за подемите и падовите за време на преговорите меѓу владите на Скопје и Атина, за Договорот од Преспа, критиките од сега владејачката грчка партија Нова демократија, лошиот изборен резултат на Сириза, како и за можната одлука за преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

На самиот почеток на интервјуто , Ципрас го оцени како злосторство тоа што 25 години двете земји не успеаа да најдат компромис за името.

„Мислам дека злосторство беше тоа што се правеше во изминатите 25 години, злосторство беше тоа што од почетокот не можевме да најдеме компромис, решение за името. Ние сме две соседни земји, немаме што да делиме, би било злосторство ако ни се дадеше можност пред 25 години и јас заедно со Зоран наместо да го решиме проблемот,таа можноста да ја фрлевме во ѓубре. Би било злостортсво зашто ќе ја потоневме С. Македонија во нестабилност, ќе се случуваа нестабилни ситуации во целиот регион. Затоа, не верувам дека се враќам на местото на злостортство, туку на местото каде успеавме да одиме напред и да ги оставиме назад политиките на злосторство“, рече Ципрас.

Во врска со Договорот од Преспа, поранешниот грчки премиер смета дека двете страни направиле отстапки при исцртување на „црвените линии“.

„Секогаш постои замор, секоја страна мисли дека ги исцрпила „црвените линии“. Една недела пред телефонскиот повик од Зоран, направивме некои исправки или ако сакате отстапки од двете страни, една недела пред договорот ги оставивме пенкалата и мислев ќе немаме договор. Но, сакам да кажам дека станува збор за договор што треба да го истражуваат идните дипломати, токму поради тоа што не е договор што некого понижува или некого оправдува“, вели Ципрас.

На самиот крај од интервјуто, тој говори за својот придонес во однос на лобирањето кај дел од скептичните земји членки на ЕУ за Северна Македонија.

„Вистина е дека се обидов да ги убедам партнерите во Европскиот совет дека позитивната одлука за С. Македонија требаше да се донесе во јуни. Верувам дека Европа треба да се придржува до принципите, која самата ги поставува, и секако штом се презедоа доста храбри чекори напред, требаше и еден позитивен чекор во јуни. Независно од тоа колку позитивни чекори презеде С. Македонија, навистина верувам дека народите од Западен Балкан само многу ќе добијат преку една процедура, една перспектива која ќе ги приближува кон Европа и Европа треба да покаже дека ги одредува принципите, но во момент кога се бараат високи стандарди, кога има позитивни движења, кога постојат реформи, кога се почитуваат плановите, треба да се даде „зелено светло“ за мотивација за народите да одат напред“, заклучи Ципрас.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Слични содржини