Ципрас за интеграциите на С. Македонија: Европа не треба да дава ветувања ако не може да ги исполни

од Nikola Popovski

Европската унија треба да ги трпи последиците од нејзиниот недостаток на единство во однос на Западен Балкан, смета Алекс Ципрас, поранешен грчки премиер и лидер на Сириза, во интервју за „EURACTIV“.

Ципрас го коментираше повеќекратниот неуспех на ЕУ да им одобри на Албанија и Северна Македонија отворање формални преговори, како и континуираното немање напредок во однос на визната либерализација на Косово.

„Значи, мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската унија како целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека ЕУ веќе плати и ќе плати за тоа во иднина“, рече Џипрас.

„Одлуката на самитот на ЕУ ја потврдува несигурноста на Европа кон оние земји кои презедоа многу важни чекори, а перспективата за датум за пристапни преговори постојано се одложува“, рече Ципрас, додавајќи дека „Европа не треба да дава ветувања ако не може да ги исполни“,

„Се прашувам какво ќе биде мислењето денес во Украина откако таа го доби овој брз кандидатски статус за ЕУ. И што може да значи тоа кога ќе видат дека овој режим не значи ништо. Дека Украина може да остане во фазата на кандидатски статус многу, многу години“, рече тој, повторувајќи ги коментарите на албанскиот премиер Еди Рама, кој рече дека Украина не треба да се надева во скоро време.

Во врска со Северна Македонија, Ципрас истакна дека Договорот од Преспа со кој земјата го смени името „не бил залуден“.

„Тоа е договор што го врати Западен Балкан на патот на стабилност, а нашиот регион во перспектива на мир и соработка далеку од влијанијата на третите сили во регионот, како Турција и Русија, кои имаа големо влијание во регионот“, заклучи Ципрас.

Слични содржини