
“Распоредувањето на овие сили, се разбира, е закана за нас. Кој вели дека тоа ќе биде крај? Немаме такви информации. За прв пат од Втората светска војна наваму гледаме германски војници на своите граници.”
Ова го изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Алексеј Мешков, цитиран од агенцијата РИА “Новости”.
Според него Русија смета распоредувањето на војници и оружје од НАТО во трите балтички републики, Полска и Германија како закана. Москва внимателно ги следи настаните и ќе обезбеди својата безбедност, дополнува Мешков.
САД почнаа маневри во Полска, по што речиси 3.500 нивни војници со блиндирана техника и артилерија ќе бидат распоредени оваа пролет во балтичките земји, Полска и Југоисточна Европа. Ова е најголемото засилување на американското воено присуство во Европа од крајот на Студената војна.
Одлуката беше донесена од страна на администрацијата на претседателот Барак Обама по средбата на НАТО на врвот во Варшава. Алијансата на овој форум ги зеде првите конкретни решенија како да реагира на анексија на Крим и предизвикување на кризата во источна Украина од страна на Русија во пролетта 2014 година.
Германските војници и оклопни техника во февруари ќе ја засилат одбрана на Литванија. Тие се сместени во ротацијата како дел од плановите на НАТО и како потврда на источноевропските членови дека нивните сојузници стојат зад тах.
Малку порано во четвртокот Александар Ботсан-Карченко друг претставник на Министерството за надворешни работи во Москва, објави дека Романија е закана за Русија поради тоа што крие елементи од американскиот противракетен штит.
“Позицијата на Романија и на нејзиното раководство која стана земја во фокусот, е очигледна закана за нас. Сите овие одлуки … се на прво место насочени против Русија”, додаде директорот на четвртиот европски департментот во министерството. Во интервју за “Интерфакс” тој вели дека романските водачи доживеаја задоволство од антирускиот тон кој го користат.