Циципас ги загуби нервите, се обиде да го скрши рекетот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
305 прегледи

Стефанос Циципас не успеа да се пласира на Мастерс финалето во Торонто.

Гркот беше поразен од Американецот Рејли Опелка, 6: 7 (2), 7: 6 (4), 6: 4 по два часа и 34 минути игра.

Имаше големи проблеми при враќањето на сервисите на Опелка, кој честопати одеше и на мрежата и реализираше навистина одлични удари.

Откако го загуби вториот сет, Циципас ги загуби нервите и во тој момент се обиде да го скрши рекетот.

Се обиде да го скрши, но не успеа, па се обиде со уште едно фрлање, но без успех – рекетот „преживеа“.

Слични содржини