Христијан Мицкоски под команда на Никола Груевски врши притисоци врз парламентарците изминативе денови за да не гласаат за Законот за Јавно обвинителство, пишува Цивил.
Од таму пишуваат дека низа извештаи од теренот, поткрепени со фотографии, изјави и извадоци од социјалните мрежи, се формира сликата за офанзивата на политичкото подземје во земјава, насочено против пратеници кои по своја волја сакаат да гласаат за Законот за Јавно обвинителство.
Исто така, од упатени и релевантни извори, Цивил дознава дека луѓето на Мицкоски се во директна и постојана врска со Груевски под чија команда се тероризираат парламентарците изминативе денови. Пратениците за кои се претпоставува дека сакаат да размислуваат со своја глава и во согласност со македонските стратешки национални интереси се мета на невидени закани по безбедноста и животот, не само на парламентарците, туку и на членовите на нивните семејства, пишува медиумот.
Целиот текст прочитајте го на Цивил.