Црева, кожи, чкембиња…ги затнаа шахтите во Шуто Оризари (ФОТО)

од Берта Китинска

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека нивните екипи повторно биле на терен за одзатнување на шахти на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари

-Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно беа на терен за одзатнување на шахти на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари. Причината за затнување на системот за отпадни води е отпад во вид на црева, кожи, чкембиња и сл. АПЕЛИРАМЕ за совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека тој не е место за одлагање на отпадот, соопштија од претпријатието.

Слични содржини