203
Според извештаите на Министерството за здравство во однос на ковид-статистиката, во последните 7 дена, починати се вкупно 244 лица од коронавирус. За овој период, најголем број смртни случаи беа објавени во петокот (27.08), кога починале 36 лица по тешки компликации со заразата.
Истражувањето на британското списание „Економист“ покажа дека Македонија е трета во светот според индексот „прекумерна смртност“ во периодот од 1 април до 30 јуни 2021 година.
„Економист“ од овие податоци го извлече „индексот на смртност“ на 100.000 граѓани. Србија е петта на листата со индекс од 406. По неа следува Русија, со 155.940 смртни случаи од коронавирусот и индекс од 445. Бугарија е втора со индекс 509, а Перу е на врвот на листата со индекс од 589.