Црн биланс: 9 починати од Ковид-19, дополнително регистрирани уште четворица во текот на ноември

од Nikola Popovski

Нови 9 починати од коронавирус, регистрира Министерството за здравство во послените 24 часа.

Црниот биланс покажува по 2 починати лица од Скопје (76 и 77 години) и Куманово (65 и 73 години) и по едно починато лице од Велес (79), Кавадарци (68), Штип (88), Прилеп (70) и Крива Паланка (40). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 4 до 14 ноември. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје, Битола, Велес и Кочани. Починатите лица се на возраст од 57-81 година, од кои 3 се починати во домашни и едно лице во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.436.695 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини