192
Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа нови 14 лица ја загубија битката со Ковид-19.
Од нив, 5 починати лица се од Скопје (59г,74г,77г,79г и 84г) и Тетово (61г,64г,75г,76г и 78г), 2 лица од Гостивар (57г и 58г) и по едно лице од Куманово (80г) и Кичево (57г).
Еден од пријавените е починат во домашни услови а другите се починати во болнички услови.
Од почетокот на корона-кризата воземјава починаа вкупно 5.574 лица.