ЦРН ИЗВЕШТАЈ НА ПЕНТАГОН: Скоро 500 американски војници се самоубија во 2019 година

од Vladimir Zorba

Според „Годишниот извештај за самоубиства“ подготвен од Министерството за одбрана на САД (Пентагон), 498 војници на американската армија извршиле самоубиство во 2019 година.

Во извештајот се наведува дека 344 војници биле активни, а 154 од резервистите и Националната гарда.

Исто така, беше наведено дека 142 активни војници кои извршиле самоубиство припаѓале на копнените сили, 83 на воздухопловните сили, 72 на морнарицата и 47 на морнаричкиот корпус.

Во извештајот, во кој се посочува дека 326 војници извршиле самоубиство во 2018 година, исто така, забележува дека бројот во 2017 година бил 287.

loading...

Слични содржини