„Црн петок“: Kако шопинг лудилото стана „македонски празник“

од Берта Китинска

Познатиот  „Црн петок“ започна во САД, а потоа се прошири на целиот свет. И покрај моменталната епидемиолошка состојба, годинава, „црниот петок“ во нашата земја не се откажува, а најавени се и намалувања до 80 проценти.

Многу трговци  го продолжија времето за попуст – некои до целиот викенд, некои до цела недела, додека некои го означија практично целиот ноември како месец на попустот.

Повеќето трговци веќе посочија колку попусти нудат на нивните веб-страници,дури нудат и оналј купување.Според продавачите, многу граѓани внимателно испланирале што ќе купат, затоа што, на пример, купувањето бела техника, спортска облека за целото семејство или дури и плаќањето за летни одмори може да заштеди многу.

Намалени се и цените на облеката, обувките, елегантните чанти, но и садовите, мебелот, козметиката и разните хигиенски производи. Така, попусти од 20 до 60 проценти се нудат главно на облека, како и на чевли и чанти.

Повеќето продавачи апелираат до клиентите да купуваат преку Интернет или барем да нарачуваат производи преку Интернет, а потоа да ги земаат во продавниците, за да не создадат гужви. Тие се обидуваат да ги почитуваат сите  мерки против  борба со коронавирусот, но и да си обезбедат приход, особено имајќи ја предвид послабата продажба во претходните месеци.

Слични содржини