Во Бугарија починале уште 18 лица од Ковид-19 во изминатите 24 часа, што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.
Вкупниот број на починати достигнал 563, јави БТА.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бугарија изнесуван15.386 по новите 99 случаи на инфекција, кои биле потврдени во последните 24 часа од 3.588 тестирани примероци, според најновите официјални податоци.
Во Бугарија моментно има 4.326 активни случаи на коронавирус. Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега.