Црн рекорд во Косово: 276 заразени и 8 починати од Ковид-19

од Nikola Popovski
221 прегледи

Институтот за национално здравје во Приштина денеска соопштил дека во изминатите 24 часа, од последиците на коронавирусот починале осум пациенти, а регистрирани се 276 нови случаи, што е најголем број досега во еден ден.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 185, а 7.413 лица се заразиле. Најголем број случаи на инфекција се регистрирани во Приштина – 61, а потоа следат Гњилане со 29, Подујево со 23, Џаковица и Вучитрн со 22, Призрен со 20 и Митровица со 14 заразени.