137
Повеќе од 600.000 луѓе починаа во САД како резултат на пандемијата на Ковид-19“, покажуваат денешните бројки на Ројтерс.
Тоа е околу 15% од смртните случаи во светот од коронавирус, бидејќи проценката на британската новинска агенција е дека починале околу четири милиони луѓе.
Бројот на тешките и смртните случаи драстично опадна со високата стапка на вакцинација во САД.
Страницата „worldometers“ наведува дека повеќе од 34 милиони луѓе во САД официјално се заразиле со коронавирус.