Црна Гора е 12-ти ден без нови случаи на коронавирус, што беше потврдено по испитување на 114 примероци, меѓу кои немаше позитивни случаи.
Институтот за јавно здравје изјави дека четири лица во моментот се болни, а дека се опоравиле 311 лица.
Двајца пациенти се во Улцињ, а еден во Гусиње и Бијело Поље.
Вкупно 324 лица се заразени во Црна Гора од почетокот на епидемијата, додека девет починаа, јавуваат медиумите во Подгорица.