Црна Гора: 208 новозаразени и 4 смртни случаи

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Во изминатите 24 часа во Црна Гора се регистрирани 208 новозаразени и четири смртни случаи, објави денеска Институтот за јавно здравје. Новоинфицираните се идентификувани меѓу 658 анализирани примероци за новиот коронавирус.

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со КОВИД-19 инфекција од почетокот на јуни е 124, а 133 пациенти од почетокот на годината.

Оздравеле 105 пациенти.

Вкупниот број на активни случаи на КОВИД-19 во Црна Гора во моментов е 2.581.

Од почетокот на годинава, вкупниот број на регистрирани случаи на заразени со коронавирус е 7.711.

Слични содржини