Црна Гора денеска отвори две нови поглавја во прегтоворите со ЕУ

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

Црна Гора денеска отвори две нови поглавја во преговорите со Европската Унија – поглавјата 11 и 19, за земјоделие и селски региони и за социјална политика и вработување, информира Танјуг.

Европската комисија оцени дека Црна Гора постигнала добро ниво на хармонизација и административен капацитет за почнување на преговорите во овие области.

Црна Гора досега отвори 24 од вкупно 35 поглавја,а две се привремено затворени.

Оваа земја преговорите со ЕУ ги почна во јуни 2012 година.