Црна Гора одбила респираторни машини од Србија

од Nikola Popovski
234 прегледи

Вицепремиерот на Црна Гора и претседател на Националното координативно тело за инфективни болести Милутин Симовиќ му се заблагодарил на српскиот претседател Александар Вучиќ за донирањето на пет респиратори и изјавил дека Црна Гора ќе се снајде и без Србија.

Претходно, Претседателот на Србија одговори на обвинувањата од Црна Гора дека Србија „украла“ респиратори од Црна Гора.

„За мене е многу важно да одговорам на обвинувањата што дојдоа од Црна Гора. Србија никогаш не украла или одзела ништо од никого. Ние ги купивме од пазарот најнормално,  но сме подготвени и разговаравме да им дадеме 3 респиратори бесплатно. Исто така, подготвени сме да им дадеме уште два респиратори на Плевља и Бјело Поле на барање на Андрија Мандиќ – рече Вучиќ во своето обраќање до нацијата и додаде:

„Ние со нашите братски луѓе во Црна Гора, и со Србите и Црногорците, сакаме да имаме најдобри можни односи и не сакам никакви владини функционери да не скараат на кој било начин со нас и да кажат дека Србија имала лош однос со Црна Гора. Ние испорачавме над 40 илјади тони храна во последните две недели“.

Во Црна Гора, 82 луѓе се заразени со коронавирус.