Црна Гора распиша нова потерница по поранешниот агент на ЦИА

од desk2
118 прегледи

Специјалното државно обвинителство на Црна Гора соопшти дека не се точни наводите оти е повлечена потерницата по поранешниот агент на американската ЦИА, Џозеф Асадо, пренесува српски „Курир“.

Асадо е еден од обвинетите во случајот со обид за тероризам на денот на парламентарните избори во 2016 година.

Одделни црногорски медиуми претходно јавија дека потерницата за Асадо била повелечена. Во соопштението од Обвинителството се вели дека потерницата распишана на 31 јули 2018 година била повлечена бидејќи Асадо изразил подготвеност доброволно да дојде во Црна Гора за давање исказ.

Како што се наведува, Асадо и лично и преку својот европски адвокат побарал повлекување на потерницата за да може непречено да дојде во Црна Гора на сослушување, а притоа го доставил и својот изказ.

Со оглед на тоа дека обвинетиот не ја исполнил својата обврска, Вишиот суд во Подгорица по предлог на Обвинителството на 16 јули 2019 година распишал нова потерница, која е доставена до централата на Интерпол во Лион заради распишување црвена потерница.

Според известувањето добиено од централата на Интерпол, црвена потерница не е издадена зашто сè уште се наоѓа во постапка пред органите на Интерпол, наведуваат од црногорското Обвинителство.