Црна Хроника: Детска порнографија, фалсификувани патни исправи…

од Марта Пешевска
379 прегледи
МВР-билтен

Скопје, 23 јуни 2019 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б. М. (18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дустрибуција на детска порнографија“.

Како што информираат од МВР, тој на социјалните мрежи „Messеnger“ и „Instagram“ примил фотографии со компромитирачка содржина од 16-годишна девојка од беровско село, по што ги дистрибуирал до трето лице.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 22/23.06.2019 година во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 55 возачи кои ја пречекориле брзината за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 64 останати прекршоци за кои се издадени 27 мандатни платни налози и 37 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 24 возачи за што им се изречени исто толку мандатни казни. Откриени се 79 останати прекршоци за кои се издадени 44 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.

Вчера во 15:30 часот во Скопје во хотел на плоштад „Македонија“ приведен бил В. М. С.(31) од Ирска, поради нарушување на јавниот ред и мир. Против лицето ќе биде поднесена содветна пријава.

На Граничен премин Табановце вчера во 15:00 часот приведени биле турските државјани К. Ф. (20), K. M. (22) и E. С. (25), поради фалсификувани патни исправи. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Вчера во 10:45 часот во Полициската станица Аеродром Ж. Ѓ. (45) од Скопје пријавила дека на булеварот “Кузман Јосифоски Питу“ била касната од куче скитник.

Во Полициската станица Кисела Вода вчера во 22:00 часот З. Т. (59) од Скопје пријавил дека на улицата “Христо Узунов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Вчера во 18:50 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „14-та Бригада“ В. Е. (42) од Кочани управувајќи моторцикл „Хек 110“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница –Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Кочани.