Црна статистика во Бразил: Висока смртност кај младите од корона

од Nikola Popovski

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 кај младите лица на возраст меѓу 20 и 29 години во Бразил скокнал за повеќе од 1.000 проценти од почетокот на годината до средината на април, покажуваат резултатите од студијата на државниот биомедицински институт Фиокруз.

Смртноста кај популацијата на возраст меѓу 30 и 39 години се зголемила за 819 проценти, а кај луѓето на возраст меѓу 40 и 49 години за 933 проценти, пренесуваат медиумите.

Според таа студија, просечната возраст на хоспитализираните пациенти сега е 58 години, додека на почетокот на годината таа била 62 години.

Просечната возраст на смртност од последици на коронавирус паднала на 65 години, додека во јануари била 72 години.

Слични содржини