Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја спроведува политиката на американскиот претседател Џо Бајден за санкциите кон Никола Груевски и Сашо Мијалков.
-Моментот е таков, иако ова денес е само продолжување на извршната наредба на Бајден од минатата година кон луѓето што го нарушуваат исполнувањето на Преспанскиот договор и просперитето на земјата. Некои на унгарскиот премиер (Виктор Орбан) му рекоа дека мора на офтамолог да оди поради односот со Русија и Путин. Овој период пост-украински е нов период и мораме да се навикнуваме. Овде ќе има црно и бело, нема да има летаргично однесување за правецот на развивање една држава. Ова не се случува само во Македонија. Американците мислам ќе бидат доследни во овој правец. Орбан е тој кој што се издвојува во пристапот кон Путин и Украина. Можеби ова е порака. Можеби двајца не се без причина. Пораката е прилично јасна за тие кон кои што е таргетирана и нивните пријатели, рече Муслиу во емисијата „24 анализа“.
Аналитичарот смета дека кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постои правец на дистанцирање од Груевски и Мијалков.