Црногорски лекар ја примил Спутник V, опиша како се чувствува

од Stefanija Kuzmanovska

Д-р Сергеј Боjeвиќ, раководител на Одделот за патологија на Универзитетот Сеченов во Москва, беше меѓу првите кои ја примија руската вакцина против коронавирус Спутник V. Сега, по втората доза, откри како се чувствува.

Откако ја доби втората доза, во интервју за „Слободна Далмација“, тој вели дека се чувствува одлично.

„Се чувствувам навистина одлично! Антителата веќе се појавија по првата доза што ја примив во ноември, а сега ќе видиме каква е ситуацијата откако ја примив втората доза. Првата и втората доза се земаат во растојание од 21 ден, а потоа треба да почекате 21 ден за да добиете целосен имунитет. Јас сум веќе прилично заштитен, а на 22 декември, по 42 дена од првата вакцинација, ќе имам целосен имунитет“, посочува д-р Боjeвиќ.

Тој вели дека не чувствува никакви несакани ефекти и дека не се грижи за безбедноста на вакцината.

„Јас сум пулмолог и патофизиолог и знам дека вакцината е направена според сите научни принципи. По килажата спаѓам во ризични групи и решив да се вакцинирам. Како што знаеме, вакцината се базира на принципот на вектор на друг вирус – аденовирус. Клучен аспект за нас е дека овој вектор е многу добро истражуван во последните децении. Повеќе од 20.000 луѓе учествувале во клинички испитувања на вакцини и лекови со хумани аденовируси. Аденовирус се користи во вакцините на американската армија уште од седумдесеттите години на минатиот век, што значи дека милиони американски војници се вакцинирани на овој начин“, вели д-р Боjевиќ.

Спутник V, како што наведува, примиле повеќе од 200.000 луѓе во Русија.

Слични содржини