Црногорскиот министер за внатрешни: Немам прецизни податоци дали се разменети сите информации околу бегството на Груевски

од Nikola Popovski
204 прегледи

„Во 2020 година, помеѓу Националните бироа на Интерпол на Македонија и Црна Гора, се разменети околу 540 вакви информации. Нашите сектори на криминалистичка полиција и сектори за организиран криминал имаа низа успешни акции. Размената на податоци за миграциите функционира одлично и тоа е реалноста на односите помеѓу Македонија и Црна Гора, и размената на информациите и соработката е одлична“, изјави министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секулиќ, по средбата со неговиот колега, Оливер Спасовски.

На новинарско прашање дали се разменети информации за бегството на Никола Груевски, Секуловиќ одговори дека во овој момент не може јасно да одговори, бидејќи, како што рече, нема прецизни податоци.

Слични содржини