Црвениот крст испраќа хуманитарна помош за населението кое е зафатено со пожарите

од Nikola Popovski

Црвениот крст на Република Северна Македонија, утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево.

-Тимовите се од Црвен крст на град Скопје (8 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Штип (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Делчево (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Кочани (4 волонтери) и Општинска организација на Црвен крст Берово (4 волонтери), велат од Црвениот крст.

Според нив, поради потреба од хуманитарна помош за населението кое е зафатено со пожарите, денес испратена е хуманитарна помош во следниве региони: Берово/Пехчево : 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци. Куманово: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2592 шишиња вода од 0.5л и 50 душеци.

-За утре планирана е дистрибуција на хуманитарна помош за следниве региони: Делчево: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 20 душеци. Кочани: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци.

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии. Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.

Отворените телефонски линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони. Скопски Регион – 071/367-909, 071/367-981 и 071/379-119 Пелагониски Регион – (Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп, Ресен) 047/236-019 и 070/791-770 Југозападен и Полошки Регион – (Гостивар, Тетово, Дебар, Кичево, Струга,Охрид) 072/239-051 и 072/239-077 Источен, Североисточен и Југоисточен Регион (Штип, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Кратово, Куманово, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија, Валандово, Радовиш) 071/426-660 и 071/426-633 Вардарски Регион (Велес, Неготино, Свети Николе, Градско, Чашка, Кавадарци, Лозово, Росоман, Демир Капија) 075/294-036, 071/274-229 и 043/231537, соопштија од Црвениот крст.

Слични содржини