Црвенковски: Нашата водилка не треба да биде дека НАТО ќе не брани, ЕУ ќе не храни

од Берта Китинска

Преспанскиот договор кој јас не го сметам за идела сепак затоври едно прашање со Грција, додека пак Договорот со Бугрија ја отвори пандорината кутија, и ги зголеми барањата на Бугарија кои допираат до нашиот индентитет и историја што за компромис не  е можно, вели поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски обраќајки се на свечениот собир на МАНУ за јубилејот од формирањето на современата македонска држава.

Црвенковски ги искритикува актуелните власти во Македонија, велејќи дека постојано се повторува една мантра: дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија – немаме, па прашува што во тој случај ќе направиме ние, за кои не постои план „Бе“?

-Јас алтернатива не гледам ни на исток ни на далекиот исток.Моето прашање е во тој случај дали иамаме визија за да се одржуваме сами без полноправно членство во ЕУ.Ако нашата водилка е дека НАТО ќе не брани ЕУ ќе не храни тврдам дека нема да се одбраниме ниту нахраниме, вели Црвенковски.

Слични содржини