Црвенковски не крие дека има амбиции за повторно да биде на чело на СДСМ, вели Бучковски

од Nikola Popovski
765 прегледи

Спасовски и Шекеринска имаат голем потенцијал и искуство. Не сум разговарал со нив за нивните ставови, вели поранешниот лидер на СДСМ, Владо Бучковски околу тоа кој ќе го наследи Заев на премиерската функција и на претседателското место во владеачката партија.

Според него, потенцијален кандидат за мандатор е и Никола Димитров, иако не е член на СДСМ, како и новата потпретседателка на партијата, Сања Лукаревска, но и генералниот секретар, Љупчо Николовски.

Во однос за тоа кој би го наследил во партијата, Бучковски вели дека неколку групации покажуваат амбиции, а меѓу нив се наоѓа и Бранко Црвенковски.

-Бранко не ни крие дека има амбиции. Присутна е неговата струја. Можно е скопско крило. Бранко му нанесе штета на Заев, на почетокот на кампањата. И јас се соочив со суетата на Црвенковски во 2006. Не е случајно голем дел од членовите на СДСМ останаа дома, посочи Бучковски.

Слични содржини