221
Пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, е ставен под контрола, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Според нивните информации, екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно ликвидирање на истиот.
Пожарот зафатил површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.