ЦУК: Пожарот околу железничката станица Рајко Жинзифов е повторно активен

од Nikola Popovski
258 прегледи

Од Центарот за управување со кризи повторно информираа дека пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл’п, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.

-Во моментот на терен се екипа од ШС Бабуна со 10 вработени, ТППЕ Велес со 6 пожарникари и 2 возила. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и с.Сл’п. Пожарот во 13.00 ч. во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер истиот повторно е активен и е во непристапен терен, стои во соопштението на ЦУК.

Според нив, од страна на Македонски железници е доставено околу 200 литро вода за полнење на мешаните (напретњачи), исто така според последните информации ќе биде активиран и ПП возот.

-Екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно ликвидирање на истиот, велат од ЦУК.

Слични содржини