Да се биде Марк Цукерберг во 2019 година сигурно не е лесна или сигурна работа, со оглед на сите скандали во кои Фејсбук се има вклучено.

Цукерберг е под постојан вербален напад, но сигурно има и луѓе кои би размислувале за физички напади врз СЕП-то на социјалната мрежа.
Оваа недела во мрежата се појавија коментари од вработени на Facebook, според кои Цукерберг е толку загрижен за безбедноста во овие бурни времиња, што дури и купил за една од коференциските сали таен тунел за бегство.
Според неименувани извори, капакот на тунелот е во непосредна близина на масата на Зук, а самата конференциска сала има оклопно стакло. Се зборува дека тунелот води директно кон еден од паркинзите во седиштето на Facebook во Калифорнија, каде милијардерот може да избега во случаи на опасност.
Busines Insider известува дека одборот на компанијата одобри буџет од 10 милиони долари за безбедноста на целото семејство, Марк Цукерберг.
Официјалните податоци покажуваат дека во 2017 година личната безбедност чини $ 7.3 милиони.