Цукерберг: Мислев дека Facebook може да ги реши проблемите, но светот е премногу поделен

од desk2
71 прегледи

По се почестите реакции на влијанието на технолошките компании на општеството, основачот на Facebook, Марк Цукерберг, рече дека мислел дека Facebook може да реши борјни проблеми, но дека светот е поделен повеќе од што очекувал.

„бевме фокусирани светот да го направиме поотворен и поповрзан. И секогаш мислев дека тоа е доволно да ги реши проблемите, но светот денес е поподелен отколку што некогаш очекував дека ќе биде“, вели Цукерберг, во неодамнешната епизода на “Freakonomics Radio”.

Facebook секојдневно се соочува со бројни критики на јавноста поради проблемот со технолошката зависност и улогата на платформата за ширење дезинформации во текот на американскте избори во 2016 година. Оваа социјална мрежа од тогаш покрена бројни промени на News Feed, што го намали времето поминато на страницата.

Цукерберг вели дека Facebook, според него, има одговорност да работи на поврзување луѓе. Вели дека верува оти повеќето луѓе им мислат добро на другите, но дека соочувањето со мислењата кои се разликуваат однивните може да предизвика проблеми.