Цветковски за Пецаков: Тој може да праи планови за заби како да пломбира

од Берта Китинска
247 прегледи

Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид, приреди шоу во дебатната  емисија на ТВ 24, каде што учествуваше на соочување со неговите противкандидати на претстојните избори, пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Костадин Георгиевски од СДСМ.

Тој за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кажа во еден момент : „Не можи господинот Пецаков да праи планови за туризам, пошто не му е струка. Тој можи да праи планови за заби како да пломбира, не за туризам, ме разбирате?

Цветковски кој во поголемиот дел од дебата преку себе носеше знаме со сонцето од Кутлеш во еден момент извади вегета и им ја даде на противкандидатите порачувајќи им да замезат со парите што ги лапаат.

Слични содржини