Цветковски: Ќе го сменам знамето, тоа е наметнато од Грчев

од Берта Китинска

Се ќе промениме во Охрид прво знамето ќе го смениме и ќе го ставиме ова  што го носам сега за да се вее. Нема да дозволиме овие окупатори да не газат, бришат, иселуваат , откако ќе го ставиме знамето ќе почнеме со работа , кажа во Утрински Брифинг, Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид.

На прашањето дали го признава сегашното знаме Цветковски вели дека тоа сменето и наметнато од Грчев.

-Тоа знаме и новото име не ја рефлектира волјата на народот, вели Цветковски.

Тој вели дека потребо е да се постават канти низ градот дека не е потребно плоштадот да се реновира, воедно потребно е да се промовираат охридски производи и наместо тиквешка ракија да се продава самоилова.

Слични содржини