Цвијановиќ до Пендаровски: Не одобрувам таргетирање на Бања Лука

од Nikola Popovski
360 прегледи

Претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ денеска изјави дека не одобрува таргетирање на Бања Лука.

Коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски, „дека во случај Русија да ја освои Украина, Бања Лука е најранливата точка на Западен Балкан“, Цвијановиќ вели дека не е во ред, ниту коректно, ниту праведно да се таргетира Бања Лука.

Таа вели дека не ја одобрува пораката и смета дека е испратена до европските партнери.

„Таа порака е содржана во реченица во која тој споменува дека значителен број граѓани во неговата земја сметаат дека Евроазиската унија е алтернатива на ЕУ. Тоа е предупредување – додека вие во ЕУ непринципиелно се однесувате кон земјите од Западен Балкан, граѓаните во таа област бараат и препознаваат други алтернативи“, вели Цвијановиќ во изјавата за Срна.

Според неа, Северна Македонија е вистински пример за политички игри и одолговлекување на процесот на евроинтеграции, бидејќи и по 16 години кандидатски статус немаат добиено датум за преговори.

„Се сеќавам дека за истите прашања, како што се реформите во полицијата, се бараше поинакво решение во Северна Македонија и БиХ, што е непринципиелно. Во Северна Македонија се бараше децентрализација за да се задоволат Албанците, додека во БиХ, од друга страна, централизацијата беше побарана за да се задоволат барањата на Бошњаците“, изјави Цвијановиќ.

Слични содржини