Туфегџиќ ќе биде судија до крајот на месецот, кариерата ќе ја продолжи како адвокат

од Nikola Popovski

На денешната седница, Судскиот совет го прифати барањето на судијата Владимир Туфегџиќ, односно констатираше престанок на неговата судиска функција.

Како што информира коалицијата „Сите за правично судење“, одлуката на Судскиот совет предвидува функцијата на Туфегџиќ да престане на 29 овој месец.

Тој кажа дека одлуката ја донел внимавајќи, пред сè, на започнатите предмети и обврските преземени со годишниот распоред на судии за 2021 година иако повеќе од 15 предмети стојат отворени во различни фази од постапката во Кривичниот суд во Скопје.

Неодамна судијата Туфегџиќ информираше дека неговата кариера ќе ја продолжи како адвокат.

Слични содржини