Тухел: Челси заслужи да продолжи во полуфиналето

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, искрено жали за загубата на неговиот тим во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Тимот од Лондон победи со 3:2 на гостувањето кај Реал Мадрид по продолженијата, но испаднаа од трката со вкупен резултат 4:5.

„Секогаш боли да се загуби, но вреди и нема за што да жалиме. Одигравме според нашите планови, покажавме храброст и карактер, заслуживме да продолжиме во полуфиналето, но едноставно немавме среќа. Најважно е што одигравме добро, покажавме дисциплина. Благодарност до играчите. И двата гола што ги примивме беа резултат на нашите грешки. Немаме за што да жалиме, но направивме премногу грешки на два натпревари“, прокоментира Тухел по натпреварот на „Бернабеу“.

Слични содржини