Летниот преоден рок го одбележаа големи трансфери, но и еден што не се случи. Оној на Хари Кејн во Манчестер Сити.
Англискиот репрезентативец беше во контакт со двата клуба од Манчестер, но тренерот на Челси, Томас Тухел изјави дека репрезентативецот на Англија не бил само на нивниот радар.
„Мислев дека трансферот на Кејн во Сити е завршена работа. Никогаш не го имавме неговото име на нашата листа, но имавме некои информации за него. Никогаш не беше толку блиску што можевме да го почувствуваме ривалитетот на другите клубови“, изјави Тухел.
Првиот избор на Челси беше Ерлинг Халанд, но на крајот мораше да се „задоволи“ со Ромелу Лукаку.
Враќањето на Белгиецот чинеше 115 милиони евра, што го направи поранешниот играч на Интер најскап на сите времиња кога ќе се погледне вкупниот надомест во текот на неговата кариера.