Тухел: Не го постигнавме резултатот кој го заслужувавме

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, беше разочаран од ремито 1-1 со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Тој смета дека неговата екипа покажала подобар фудбал и заслужила да постигне подобар резултат на овој натпревар.

„Мислам дека делувавме стабилно и со топка во нога и без. Доминиравме, бевме агресивни, добивавме единечни борби, создававме позиции, наоѓавме простори околу шеснаесетникот на противникот, но за жал ни недостигаше прецизност и одлучност во пеналтикот. Успеавме да поведеме, но пребрзо го потрошивме водството во рок од една минута и се започна од почеток, но тимот добро одговори. Задоволен сум од нивната изведба. Голем напор од страна на целиот тим , ја покажавме вистинската класа, но не го постигнавме заслужениот резултат. Бевме доминантни, но не успеавме да ги искористиме просторите што се отвораа пред нас. Ни недостасуваше нешто во последниот дел од теренот за да го решиме натпреварот порано“, изјави Тухел.

Слични содржини