Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел по поразот од Рен (1:2) во второто коло од францускиот шампионат, повторно го сподели своето мислење за судбината на напаѓачот Нејмар.

Претходно беше објавено дека тој има намера да го напушти парискиот клуб.
– Не смееме да го загубиме Нејмар без да најдеме соодветна замена за него. Ова е фудбалер кој може да го реши натпреварот со еден потег. Тоа понекогаш е потребно. Во случај Нејмар да го напушти клубот ќе мора да најдеме алтернатива за него, истакна Тухел.
Германскиот стручњак отсуството на Бразилецот на синоќешниот дуел со Рен го објасни со испуштените голем број тренинзи и постоење голем ризик од повреда.