Менаџерот на Челси, Томас Тухел, сака да го привлече во тимот играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио. Договорот на Французинот истекува за една година и ова лето ќе биде важна за неговата иднина. Индикациите од Торино се дека се подготвени да се разделат со него, а лондончани можат да го искористат овој факт и да го донесат на Стемфорд Бриџ, пишува „Тутоспорт“.
Рабио и Тухел соработуваа во Пари Сен Жермен и тренерот добро ги познава квалитетите на овој играч. Затоа е подготвен повторно да работи со него. Во оваа прилика, Германецот лично разговарал со играчот од средниот ред за да дознае кои се неговите планови и дали би бил подготвен да преземе во насока Челси.
Така воопшто не е исклучен можен трансфер на Рабио на Стемфорд Бриџ. Згора на тоа, Јувентус е подготвен да го пушти за релативно ниска сума од само 20 милиони евра.
Рабио беше привлечен во „Старата дама“ од ПСЖ на слободен трансфер во 2019 година. Сепак, тој не успеа да го открие целиот свој потенцијал во тимот, а за тимот од Торино досега има 129 натпревари, 6 гола и 6 асистенции.